Нашата приказна
Нашиот семеен ресторан, кој работи со посветеност од 2013 година, беше пионер во елегантните шаторски простори на отворено во југоисточна Северна Македонија и, по целосно реновирање во 2025 година, сега е домаќин на до 400 гости во модерна, стилска атмосфера. Исто така, нудиме пријатна сала со 80 седишта за интимни собири и пространа сала во затворен простор со 250 седишта, која е наменета за настани од сите големини.
НАШИТЕ КАПАЦИТЕТИ
Денес, по целосно реновирање во 2025 година, истата сала е модернизирана и сега нуди места за до 400 гости, целосно усогласени со современите стандарди за удобност и естетика.
Дополнително, нудиме уште два простора: поинтимен и потопол салон со капацитет од 80 седишта, идеален за помали прослави и семејни настани, како и поголема внатрешна сала со места за до 250 гости, совршена за секаков вид прослави.
Отворен простор (шатoрски тип) со капацитет до 400 седишта. Модерен и простран.
Пријатна атмосфера со капацитет од 80 седишта. Идеално за семејни настани.
Затворен простор со капацитет од 250 седишта. Совршен за сите видови прослави.
ГАСТРОНОМИЈА
Покрај организирањето на настани во нашите простори, нудиме и професионални кетеринг услуги со посебен фокус на висококвалитетна кујна и одлична презентација. Нашето мени е внимателно креирано со свежи, внимателно одбрани состојки, а секое јадење е подготвено и сервирано со внимание на деталите и визуелниот изглед.
Континуирано го надградуваме нашиот инвентар, опрема и прибор за сервирање, со цел да бидеме во чекор со светските трендови во кетерингот и гастрономијата.
Нашата приказна
Нашето портфолио опфаќа организација на свадби, родендени, крштевки, семејни прослави и имендени, деловни средби, тим-билдинг настани, како и широк спектар на годишнини и свечени приредби. Со 13 години искуство, професионален пристап и семејна посветеност, гарантираме врвен квалитет на услугата и незаборавна атмосфера за секој настан, без разлика на неговата големина или природа.
Нашата историја
Приказната запoчнува назад во 2013 со отворање на првиот ресторан-шатор во овој регион. Како семејство секогаш се стремиме да бидеме први и уникатни во нашето работење и во она кое го имаме како понуда на пазарот. Претходното искуство во продажба на украси и цвеќара, ни даде стабилна основа за отпочнување на бизнис со организација и украсување на свадбени и друг тип на веселби.
Бидејќи свадбената индустрија е подложна на сезоналитет, одлучивме да го искористиме нашиот капацитет во кујната и искуството за масовна подготовка на храна и кетеринг, па го проширивме бизнисот со отвoрање на нова гранка, достава на храна, во склоп на нашиот комплекс. Брза подготовка и експресна достава на вкусни оброци, токму како што стои и во името.
Следејќи ги светските трендови во индустријата за организација на настани и свечености, се роди идејата за оформување и на нов модерен, а сепак традиционално уреден простор со кој имавме за цел да понудиме комбинација од искуства насочени кон задоволување на потребите на нашите гости. Топлите земјени бои и дрвени детали ја создадоа The Barn, онаква каква што сите гости ја знаат, топла и гостопримлива.
Во 2025, кралскиот парк доби нова димензија со реновирањето на нашиот ресторан-шатор, сега веќе модерен објект со проширен капацитет и стаклени ѕидови, на две нивоа и елегантен минималистички стил. The Parkside нуди уникатно искуство и поинаква димензија во организирањето на свеченостите на нашите гости и претставува премин на едно поинакво ниво.
Љубовна приказна
РАЗЛИКАТА ШТО ЈА НОСАТ ВЕЧНИТЕ МОМЕНТИ
Ви гарантираме врвна услуга и професионален пристап за секој настан.
Семејна посветеност со 12 години искуство во организација на настани.
Менија изработени со свежи состојки и внимание на деталите.
Понуди прилагодени на вашите желби и буџет, без скриени трошоци.
Дозволете ни да Ви помогнеме да создадете незаборавни моменти. Закажете обиколка на нашиот простор и запознајте го нашиот посветен тим.