Поглед зад кулисите: Royal Park дел од новата видео приказна на Smidgin

Кога се спојуваат иста тврдоглава верба во квалитетни македонски производи, чиста емоција и многу љубов, се раѓаат соработки кои оставаат белег. Нашата приказна во Royal Park отсекогаш била насочена кон поддршка на автентичното и домашното, па затоа со задоволство ви ја претставуваме оваа соработка.

Имавме чест да бидеме дел од новото рекламно видео за македонскиот занаетчиски џин – Smidgin, кој лансираше нов пијалак во соработка со нашите пријатели, Крафт Бар ,,Вторник’’.

Како првиот вистински македонски крафт џин, Smidgin направи револуција на нашата сцена, докажувајќи дека тука, во Македонија, со користење на нашите локални ресурси, може да се создаде производ на светско ниво. 

Во видеото, добивате ексклузивна можност да „ѕирнете“ таму каде што обично пристапот е затворен – директно во нашите кујни. Го отворивме просторот каде што секојдневно со истата крафт прецизност, страст и љубов се подготвува секој детаљ од нашето мени.

Честитки до целата екипа зад „Вторник крафт џин“ и до сите мајстори на својот занает кои беа дел од ова видео.