1. Колку сали имате на располагање и со каков капацитет се?
Располагаме со три сали.
Сала Parkside – со капацитет до 400 гости, погодна за големи семејни прослави, како и за сите видови приватни и корпоративни настани. Активен период: 6 месеци (Летна сезона)
Сала The Barn – со капацитет до 250 гости, организиран на две нивоа: пространо приземје за до 200 гости со подиум за танцување и интимна галерија за 50 гости. Активен период: 12 месеци (сите сезони)
Сала The Tavern – со капацитет до 80 гости, идеален избор за мали, интимни семејни настани. Активен период: 6 месеци (Зимска сезона)
2. Дали има посебен дел/апартман за младенците или за пресоблекување на славениците?
Да, располагаме со посебна просторија која се отстапува на користење на младенците.
3. Каде може да ги погледнеме слободните термини за секоја сала поединечно?
За одговор околу достапноста на салите побарајте нè на +389 71 214 945. Капацитетите брзо се пополнуваат и потребна е навремена резервација и потврда.
4. Какви видови на менија нудите и дали има опции за специфични диети/исхрани како посно, вегетаријанско, веганско, безглутенско мени?
Располагаме со широк избор на менија, вклучително и отстапки со однапред договорени детали. Побарајте нè на +389 71 214 945 и закажете консултација со нас за да ви ги презентираме опциите за кетеринг.
5. Дали ресторанот обезбедува сопствена декорација, осветлување и озвучување или е потребен ангажман на надворешна агенција?
Салите располагаат со основна декорација која може да се комбинира по потреба. Во секоја сала има предвиден простор (бина) за поставување на дополнителна звучна и светлосна опрема. Ангажман на надворешна агенција за декорација, озвучување и осветлување е во организација на клиентите.
Не го најдовте тоа што го баравте? Испратете ни директно барање.