Кога се случуваат големи настани во нашиот регион, тимот на Royal Park е секогаш тука да понуди гастрономска поддршка. Овој пат, ова беше директно на фудбалскиот стадион во Босилово.
Имавме чест да бидеме задолжени за кетерингот на официјалното отворање на првиот терен од глобалниот проект „FIFA Arena“ во Македонија. Организацијата на кетеринг на самиот спортски терен секогаш бара посебна подготовка, но нашиот тим уште еднаш покажа дека е подготвен за секаков предизвик.
Како и за секој друг настан, се погриживме гостите и високите претставници на ФИФА и ФФМ да го добијат препознатливиот Royal Park квалитет.
Нашата понуда вклучуваше сè што е потребно за комплетно уживање на нозе – од нашите гурмански месни специјалитети, предјадења и тестенини, па сè до богато аранжирани маси со сувомеснати деликатеси, овошје и десерти.
Им благодариме ма организаторите за довербата да го донесеме вкусот на Royal Park директно на стадионот. Се гледаме на следниот терен!