Сѐ за тематските забави за секоја пригода

Вашата прослава е приказна која заслужува да биде преточена во реалност. А во Royal Park, ова е нашата омилена обврска. 

Во било која од нашите три простории, имате можност да прославите роденден, матурска прослава или семеен собир така како што доликува. А за да бидат овие прослави врежани во вашите спомени, треба да имаат карактер, душа и уникатен концепт. Такви се тематските забави.

Кога велиме тематска забава, мислиме на комплетната изведба на забавата, од првата идеја до последниот детаљ.

Неодамна имавме огромно задоволство да организираме детски тематски роденден. Темата беше ЛЕТО. Водејќи се по бенефитите на летото, прославата беше летно украсена, разиграна и прилагодена за најмалите. 

Поставивме песочна кутија за играње која ја збогативме со замок на надувување и аниматори кои ги ги занимаваат и едуцираат децата, а кујната креираше тематски специјалитети. 

За било која тема што ќе ја замислите, ние се грижиме за секој чекор:

  • Декорации: Ги наоѓаме и наместуваме сите елементи што ја следат идејата, создавајќи амбиент кој веднаш ве пренесува во саканиот свет.
  • Тематска храна: Подготвуваме храна која не само што е вкусна и квалитетна по наш препознатлив стандард, туку е и визуелно креирана да одговара на темата.
  • Идеи и активности: Сугерираме и препорачуваме соодветни игри, содржини и забавни активности за гостите да бидат целосно ангажирани и во склад со темата.

Ако сте спремни за тематска прослава, само кажете ја желбата, а ние ќе ја подготвиме сценската изведба. Контактирајте нѐ да создадеме уникатна прослава заедно. 

Royal Park - club restaurant & events

Royal Park - club restaurant & events

I will be back soon

Royal Park - club restaurant & events

Добредојдовте! 
Доколку имате прашања во врска со нашиот простор за настани, слободно пишете ни.

Royal Park - club restaurant & events