Постојат настани кои носат посебна тежина и будат длабока почит, а токму еден таков настан имавме чест да угостиме во просторот на нашиот најголем капацитет, The Parkside. По повод 17 март – Денот на крводарителството и денот на основањето на Црвениот крст, нашиот комплекс беше изборот за одржување на големата свечена седница на Црвен крст Струмица.
The Parkside ги собра сите оние кои несебично даруваат дел од себе за да спасат човечки животи, како и претставниците на бројни клучни институции, општини и здруженија од регионот кои континуирано го поддржуваат ова благородно дело.
Масовноста на овој настан и присуството на голем број лауреати – од поединци со десетици и стотици дарувања крв, па сè до претставници на локалните самоуправи и образовни институции – бараше простор кој може да одговори на вака висок стандард и сериозна организација.
Софистицираноста и пространоста на The Parkside совршено се вклопија во свечениот карактер на манифестацијата. А, да се биде домаќин на настан кој слави спасување на човечки животи е огромна привилегија за тимот на Royal Park.
Му благодариме на Црвен крст Струмица за довербата да го избере токму The Parkside за својот важен годишен настан. Нашата врата секогаш останува ширум отворена за сите иницијативи кои го прават светот подобро и похумано место за живеење.