Понекогаш, најубавите приказни се пишуваат тогаш кога ќе ги здружиме силите за повисока цел. Оваа година, нашиот ресторан ја имаше честа и привилегијата да биде домаќин на еден исклучително значаен настан – донаторската забава организирана од ,,Ротари Клуб’’ Струмица.
Во прекрасната атмосфера на The Barn, мотивите на хуманоста, солидарноста и заедништвото ги обединија хуманите луѓе од Струмица и регионот и создадоа вечер за паметење која уште еднаш докажа дека нашата заедница има големо срце.
Како тим на Royal Park, секогаш се стремиме нашите простори да бидат повеќе од обично место за собири. Би сакале тие да бидат сведоци на моменти кои инспирираат и ќе се паметат. За оваа специјална пригода, автентичниот рустичен шарм на The Barn, со своите топли дрвени тонови, се покажа како совршената средина за една ваква благородна кауза.
Енергијата во просторот беше исполнета со позитивен дух и подготвеност да се помогне таму каде што е најпотребно.
Успехот на оваа донаторска вечер е потврда за неуморната работа на ,,Ротари клуб’’ Струмица, на кои им упатуваме огромна благодарност за довербата да го изберете токму нашиот простор за реализација на овој настан.
Им честитаме на организаторите за уште еден успешно реализиран настан и им посакуваме уште многу вакви иницијативи во иднина. The Barn секогаш ќе остане отворен за сите кои сакаат да создаваат промени и да шират добрина.